Победи без загубен сет за Џио Струмица и Вардар

Струмичани не дозволија Универзитет во Тетово да има ниту тронка надеж дека од дербито може да извлече барем еден сет. Вардар влезе во тесна трка за второто место откако одигра лесно против Лирија, но за комплетен впечаток по оваа натпреварувачка рунда треба да се почека и резултатот од одложениот натпревар меѓу Шутова и Весна Пробиштип.

Јанта волеј создаде голема позитива во обидот да заврши на седмото место во конечното рангирање, а ГОК Борец славеше победа по шест порази во низа.

Втора фаза - 2. коло
Џио Струмица – Универзитет во Тетово 3-0 (25-17, 25-14, 25-19)
Лирија – Вардар 0-3 (19-25, 14-25, 18-25)
Јанта волеј – УГД Студент 3-1 (28-26, 18-25, 25-19, 25-19)
Дибра волеј – ГОК Борец 0-3 (10-25, 21-25, 17-25)

Џио Струмица останува лидер, без ниту еден загубен натпревар и со само еден загубен сет.