Победа во три сета за Џио Струмица против Шкендија

Одбојкарите на Џио Струмица само што се вратија од Кипар, каде го завршија настапот во Челинџ Купот, го одиграа заостанатитот меч од четвртото коло од Првата одбојкарска лига против Шкендија. Шампионот без многу проблеми стигна до нова победа, дозволувајќи му на гостинот 51 поен во трите сета (25-17, 25-11, 25-23)..

Најинтересно беше во третиот сет кога тетовска Шкендија се обиде да приреди изненадување, но избраниците на Ричлиев со 25-23 не дозволија.

Ова е четврта победа на струмичкиот прволигаш и заедно со Универзитет Тетото се одлепија од другите прволигаши на табелата со максимален учинок по четири кола.