Победа како на тренинг на Џио Струмица во Пробиштип

Викендов во нашата земја беа одиграни натпреварите од второто коло на шампионатот на Македонија во одбојка. Фаворитот за титулата, одбојкарите на Џио Струмица славеа на гостувањето кај Весна Пробиштип со 0-3 (12-25, 20-25, 10-25).

Четата на Кире Ричлиев без било какви проблеми забележа победа против домашниот состав кој во ниту еден момент немаше сила да им парира на струмичани.

Освоените само 42 поени доволно говорат за разликата во квалитет. Претходно, во првото коло Џио Струмица славеше на гостувањето кај Лирија.

Следното коло се игра на 24 октомври, а Џио Струмица на свој терен треба да го пречека тимот на Јанта Волеј