• Иван Димовски
Одбојкарките на Работнички го победија РАЕ Спортдикол во реванш дуелот од првото коло на ЦЕВ Челинџ Купот со 3-2. Сепак, победата не значи и пласман понатаму поради поубедливиот гостински пораз на скопската екипа.
Девојките од Скопје тргнаа добро, го добија првиот сет со 25-19, а иако следуваше пад и ги загубија двата следни со 20-25 и 14-25, успеаја да се кренат. Работнички го доби четвртиот сет со 25-22, па и решавачкиот петти со 15-5 за конечен триумф.
Оваа европска победа ќе биде мотив плус за Работнички во домашното првенство.
Што се однесува до одбојкарките, дури четири беа двоцифрени во победата и тоа: Тамара Стојанова (19 поени), Антонија Баталаковска (14 поени), Јана Балов (11 поени) и Ана Павловска (10 поени.