Пирин од Разлог е победник на Меморијалниот турнир „Горан Панов – Близнако“

Екипата на Џио Струмица претрпе пораз од Пирин од Разлог со 3-0 во финалето на премиерното издание на Меморијалниот турнир „Горан Панов – Близнако“.

Во салата „Парк“ во Струмица, освојувачот на ланската двојна круна кај нас, му парираше на бугарскиот состав во првите два сета, но во третиот не можеше да го задржи ритамот.

Пирин заслужено славеше на дводневниот турнир откако вчера во полуфиналето во четири сета го совлада Будуќност. Црногорскиот тим заврши трет по денешниот триумф над Борац од Бања Лука со 3-1 (15-25, 25-17, 25-17, 25-10).