• Горан Упале
По кадетската и пионерската одбојкарска екипа на Струмица 47&72 ја одбрани шампионската титула во машка конкуренција во својата возрасна категорија. Во финалето, кое претставуваше локално дерби младите надежи на Струмица 47&72 ги победија врсниците од Македонија Џио со 3-1 (20-25, 25-19, 25-19, 25-16).
Македонија Џио имаше посигурно отворање на мечот и поведе со 1-0, но во продолжението Струмица 47&72 се избори за комплетен пресврт и ја задржа титулата во своја посед.
Во мечот за третото место ГОК Борец ја освои бронзата откако со 3-1 (25-21, 25-19, 15-25, 25-15) го победи Работнички 71&22.