Пелистерки убедливи на дебито против немоќната Ускана

Денес започна женскиот одбојкарски шампионат на Македонија, а фаворитите ја исполнија својата улога и впишаа први бодови. Во спортската сала на СМУ „Јован Калаузи“ во Битола, Пелистер Волеј лесно и без драматика ја совлада екипата на Ускана од Кичево со 3-0 (25-8, 25-15; 25-9).

Иако се очекуваше изедначен натпревар, Пелистер Волеј се покажа како пресилен противник и за 65 минути го доби првиот натпревар. Ана Пејовска со 11 и Теодора Андоновска, Ивана Василевска и Стефани Најдановска со по девет поени беа најистакнати поединци во победничката екипа. 

Прва лига (жени), група Б
Прво коло:
Пелистер волеј – Ускана (сабота, 15:00)
Виктори волеј – Работнички Скопје (сабота, 16:00)
ЈВ Кисела вода – Бами Кор (сабота, 12:00)
Слободна: Струмица жени