Пелистерки славеа во Струмица, Наковски волеј со полн плен се враќа од Кичево

Одбојкарките на Пелистер Волеј забележаа победа од 1-3 (22-25, 17-25, 25-17, 13-25) во сетови против тимот на Македонија Макс во рамките на четвртото првенствено коло од Првата одбојкарска лига. Битолчанки во салата при ООУ „Видео Подгорец“ во Струмица имаа поголема желба за победа, а тоа го покажаа и на терен наспроти домашниот Македонија Макс, кој беше далеку од својата препознатлива игра.

Девојките на Роберт Митковски одиграа борбено, дисциплинирано и пожртвувано за секој поен. Предводени од Трпеновска, Димовска, Пејовска, Белокозовска, одбојкарките на Пелистер Волеј ја запишаа втората победа во тековниот шампионат, прва на гостински терен. Со ова победа Пелистер ги зголемува шансите за плеј-оф, наспроти Макс кој го забележа третиот пораз во низа.

Одбојкарките одиграа мудро и претпазливо во Кичево каде славеа против Ускана со 0-3 во сетови (17-25, 24-26, 16-25). Проблеми немаше ниту Виктори Волеј, кој во Тетово убедливо славеше против младиот состав на Бами Кор, кој е на последната позиција на табелата. Девојките на Кире Јанков триумфираа со 0-3 (16-25, 22-25, 9-25) и освоија нови три бода на своето конто.

Четвртото коло го затвораат Работнички и Вардар со дуел утре од 18:00 часот во Скопје.