Пелистер волеј вторпат оваа сезона го надигра фаворитот Вардар Жени

Одбојкарките на Пелистер волеј ја запишаа третаа победа во националниот шампионат. Вторпат есенва соввладан е реномираниот Вардар Жени од Скопје, екипа која е минатогодишен учесник во финалната серија од Купот и плеј-оф натпреварите.

Пелистер Волеј подновен со нова опрема и нови дресови, ја забележа првата победа на домашен терен во салата „Боро Чурлевски“ со максимални 3-0 (25-21, 25-14, 25-19). Во првиот сет се играше изедначено до првата третина, па потоа Пелистер волеј се одвои, направи убава разлика од шест поени и на крај го доби сетот со +4.

Во вториот сет апсолутно доминантно и без дилема „зелените“ одиграа далеку подобро за убедливи 25-14 и 2-0 во сетови. И во третиот сет немаше драма и со 25-19 пелисерки ги потврдија конечните 3-0. 

Стефани Најдановска со 15 и Ивана Белокозовска со 12 поени беа најефикасни во победничкиот табор.