Пелистер волеј во хумана мисија, сите патишта водат во „Боро Чурлевски“

Одбојкарскиот женски прволигаш Пелистер волеј објави дека натпреварот против Младост УГД од четвртото коло од Првата лига жени, кој се игра на в сабота во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, со почеток од 17:00 часот ќе биде од хуманитарен карактер.

Во знак на сеќавање и почит кон прерано починатата кошаркарска и спортска легенда на Битола, Зоран Петковски, клубот одлучи сите сретства од продажбата на билетите за овој натпревар да бидат донирани на семејството Петковски како симболичен чин на солидарност.

Билетите се по симболична цена од 100 денари, а клубот ќе постави и два пункта за донации во салата „Боро Чурлевски“.

„Хуманоста нема цена! Дојди, донирај – помогни“ – е пораката која ОК Пелистер Волеј ја испраќа до своите поддржувачи и сограѓани.

Во првите три кола пелистерки запишаа една победа и два порази.