Пелистер волеј налета на Работнички Скопје во четвртфиналето на Купот

По одигрувањето на натпреварите од претколото за пласман во четвртфиналето, дефинирани се сите осум четвртфиналисти во женскиот Куп на Македонија во одбојка. Ждрепката одреди две двојки на екипи од Втората фаза-1 во шампионатот, односно аспиранти за пласман во разигрувањето. Шестопласираниот Виктори волеј во првиот меч ќе го пречека второпласираниот состав на Вардар жени, а тимот на Јанта волеј Форца, којшто е петти, на првата четвртфинална средба од Купот ќе истрча во своја сала против ланскиот финалист Наковски волеј. Работнички Скопје е фаворит против Пелистер волеј, а Струмица жени против УГД Студент жени.

Куп на Македонија (четвртфинале):
Пелистер волеј – Работнички Скопје
УГД Студент жени – Струмица жени
Виктори волеј – Вардар жени
Јанта волеј Форца – Наковски волеј

Првите натпревари од купот се закажани за следната среда (19 февруари), а возвратните дуели се седум дена подоцна. Доколку резултатот во победи и сет-количникот биде идентичен, за пласман во полуфиналето ќе решава таканаречен „златен“ сет до 15 освоени поени.