Пелистер Волеј го надигра Беми Кор, Јанта Волеј со лесна победа во Кичево

Одбојкарките на Пелистер Волеј ја запишаа втората домашна победа во одбојкарскиот шампионат на Македонија и го совладаа тимот на Бами Кор од Тетово со 3-1 (25-22, 20-25, 25-19, 25-19).

Битолчанки одиграа многу позрело од својот ривал и не дозволија драматични сетови. Така, по четири кола и три одиграни натпревари (во 3. коло Пелистер Волеј беше слободен), пелистерки имаат две победи и еден пораз.

Во вонредното 4. коло екипата на Јанта Волеј со убедливи 3-0 го совлада дебитантот во лигата Ускана среде Кичево. Одбојкарките од Скопје му препуштија на ривало само 32 поени за 57 минути игра (8-25, 12-25,14-25).