• Иван Димовски

Женскиот одбојкарски клуб Пелистер Волеј се пофали со првото големо засилување за новата сезона во која ќе се натпреварува во Првата лига.
Нова одбојкарка на битолчанки е Шаник Никол Мекги. Американката доаѓа во редовите на Пелистер од Универзитетот Атланта во Соединетите Американски Држави. Таа игра на позицијата примач и зад себе има одлични успеси во колеџ одбојката.
Мекги во кариерата двапати беше МВП во лигата во претходните две сезони, таа има најмногу офанзивни поени во колеџ-одбојката, а во кариерата ја надмина границата од 1.000 поени.
Клубот најави високи амбиции за иднината и со поддршка од локалната власт креација на моќен проект во мак-одбојката. Пелистерци потврдија дека работат и на нови засилувања.