• Иван Димовски
Пелистер Волеј го засили младинскиот состав со Азра Муезиноглу, талентирана одбојкарка која во Битола пристигнува од Еџаџибаши Спортс Клаб од Турција, еден од најпознатите клубови во европската одбојка.
Муезиноглу е родена во 2010 година во Турција и игра на позицијата примач, иако претходно настапувала и како среден блокер. Таа во минатото беше стандардна првотимка во категориите до 14 и до 16 години, со кои успеала да стигне до полуфиналето на турските натпреварувања.
Младата одбојкарка откри дека Пелистер Волеј го избрала како средина во која ќе може да продолжи со својот развој по преселбата во Македонија.
„Пелистер Волеј го гледам како клуб во кој можам успешно да ја продолжам мојата одбојкарска кариера во мојот нов живот во Македонија, каде што можам дополнително да се развивам. Импресионирана сум од видеата од натпреварите на клубот и од настапите на тимот на теренот. Атмосферата во екипата е неверојатна, а тренерите и сите останати одлично ме прифатија уште од првиот ден“, изјави Муезиноглу.
Муезиноглу во Пелистер Волеј ќе продолжи да се развива како примач, а во клубот очекуваат новото засилување да има важна улога во нејзиниот понатамошен одбојкарски развој.