• Горан Упале

Македонските одбојкарки полека се опуштаат од притисокот и играат подобро на шампионатот кој што се одржува во Скопје. Селекторот Стефан Пауновиќ е задоволен од ангажираноста на неговите избранички, но напомена дека ги чека уште многу работа за да можат да им парираат на најдобрите селекции во Европа.
„Свесни бевме за квалитетот на Грција. По трите натпревари ми се чини дека играме многу подобро. Тоа не е доволно да им парираме на овие селекции, но генерално напредок во нашиот состав има. Од натпревар во натпревар играме послободно, ставорт е сè помалку присутен, но мораме уште многу да работиме. Против Грција имавме грешки, но тоа е одраз на неискуство и неиграњето на вакви силни натпревари“, рече Пауновиќ.
Следен противник на Македонија У19 е селекцијата на Италија, натпревар кој се игра вечерва со почеток од 20:30 часот. Во досегашниот дел од ЕП нашите девојки забележаа три порази.