• Иван Димовски
Женската одбојкарска репрезентација на Македонија се подготвува за натпреварот против Грција во второто коло од квалификациите за Европското првенство. На неколку денови пред натпреварот своите очекувања ги изнесе нашиот селектор Стефан Пауновиќ.
„На крајот од подготовките сме пред мечот со Грција. Овој период го искористивме за да се обидеме да ги оттргнеме недостатоците кои ги имавме во натпреварот против Австрија. Почнавме да ја подготвуваме и Грција, тие се доста добра репрезентација која во подготовките загуби само еден меч. Веќе од понеделник влегуваме во последните подготовки за нашиот меч. Тие се доста квалитетни, но тоа е мотив повеќе за нас да одиграме што е можно подобро од првиот наш меч. Одиме чекор по чекор, за да се кренеме на ниво погоре“, изјави Пауновиќ
Во групата Ф селекцијата на Грција ја доби Австрија со 3-0 и како фаворит ќе ја дочека Македонија во Солун на 28 август.