• Зоран Мишевски

Еден од фаворитите за медал на женскиот одбојкарски турнир, репрезентацијата на Италија со победа ги започна натпреварите во Париз. Италијанките ја совладаа Доминиканската република со 3-1 во сетови (25-19, 24-26, 25-21, 25-18), играјќи променливо и со одредени блесоци.
Италијанките моќно започнаа и во првиот сет брзо дојдоа до убедлива предност. Одбојкарките од Доминиканската република пречесто грешеа и го загубија сетот со 25-19. Слично започна и вториот сет, но сега доминиканскиот блок ги израмни работите. Островската селекција се врати од -4 и издејствува драматична завршница. При 24-24 следеа два блесоци и Доминиканска република го израмни резултатот (24-26).
Погодени од шокот и загубениот сет Италијанките лошо почнаа и половина од третиот сет го загубија за да ја вратат препознатливата игра. Сепак, водени од Егону направија серија 7-2 и го добија сетот со 25-21. Во овој трет сет Паола Егону освои неверојатни тринаесет поени, што е повеќе од половина сет.
Четвртиот сет беше само формалност. Италија преку Сила и Егону се одлепи на +5 и лесно го приведе натпреварот кон крај. Утре изутрина во вториот натпревар од оваа група Б уште играат Турција и Холандија.