• Мартин Танасковски

Женската сениорска репрезентација по долго време се враќа на натпреварите и прв предизвик за овој млад тим ќе биде Сребрената Европска лига. Во име на Македонија пред настапите говореше Софија Пандева.
Нашата репрезентативка истакна дека доста долг период женската сениорска репрезентација не била активна, а сега се почнува од нула и се посакува прво да се почне да се освојува сет(ови), а потоа да дојдат и победите.
„На тренинзите владее позитива, сите работиме како едно. Селекторот и тренерите се одлични, пробуваме да се вклопиме повеќе за овој краток период и се надевам дека ќе имаме добри резултати и големи постигнувања на претстојните натпревари. Најпрво, треба да почнеме да освојуваме сетови, а потоа да победиме и натпревар. Доста долг период беше занемарена женската сениорска репрезентација. Тешко е кога ќе почнеш од нула, Меѓутоа ние веруваме во нас и се надеваме на нешто повеќе“, изјави Пандева.
Сениорките во Европската лига играат со Австрија, Естонија и Летонија, а натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ во периодот од 27 мај до 18 јуни.