• Зоран Мишевски
Искусната македонска одбојкарка Елена Пандева ќе биде ново засилување на екипата на Струмица. Пандева која минатата сезона со успех настапуваше во италијанскиот шампионат се враќа во својот матичен клуб.
„По многубројните понуди за меѓународна сцена решив да останам во својот клуб. Чувствувам дека е време за нови успеси во Струмица.
Квалитетот на екипата и играчкиот ростер се на високо ниво оваа сезона, со што амбициите пораснаа уште повеќе. Со засилувањата од Србија, заедно со двете репрезентативки, Владевска како моја десна рака и младите надежи екипата е комплетирана и спремна за нови предизвици. Веќе владее добра атмосфера што за мене е најважно во овој момент. Со заедничка цел и многу труд им ветуваме квалитетна женска одбојка на струмичани“, вели Пандева.
Новата сезона во женскиот одбојкарски шампионат стартува во октомври.