Омонија беше преголем залак, убедлив пораз на Џио Струмица на Кипар

Екипата на Џио Струмица убедливо загуби на првото соочување со Омонија (20-25, 19-25, 18-25) во рамки од 1/16-финалето на Челинџ Купот.

Македонскиот шампион не успеа да се наметне и да освои барем еден сет. Во сите три сета го губеше здивот во завршницата и му овозможуваше на противникот да се одлепи во клучните моменти.

Домашната екипа започна сигурно и немаше проблеми да стигне до почетно водство. Нешто понеизвесно беше во вториот сет, каде струмичани стигнаа до предност од 17-15. Меѓутоа кипарскиот претставник со серија 10-2 успеа да направи пресврт и на крај рутински да стигне до 2-0.

Завршницата не донесе ништо ново, бидејќи македонскиот не водеше ниту еднаш во третиот сет, па Омонија застана на чекор од пласман во осминафиналната фаза.

Реваншот, кој исто така ќе се одигра на Кипар, е закажан за утре напладне.