• Мартин Танасковски
Женската одбојкарска репрезентација на Соединетите Американски Држави ја прокнижи втората победа во групната фаза на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Париз, Франција, па се наоѓа во добра позиција за следна фаза.
Олимписките шампионки успеаја да слават во спектакуларен натпревар против Србија, која ја добија со 3-2 во сетови (25-17, 25-20, 20-25, 14-25, 17-15). Иако имаа плус два во сетови, Американките им дозволија на Србинките да се вратат.
Феноменалната игра на нашиот сосед донесе петти одлучувачки сет, во кој Србија спаси три меч-топки, ама на крајот кога дојде на 15-15, не успеа да направи повеќе затоа што одбојкарките снемаа енергија.
Друјс со 16 и Огбогу со 14 поени беа најдобри во американскиот тим. а Бошковиќ освои неверојатни 31 поен и беше убедливо најдобар поединев на натпреварот. Србија и Сoeдинетите Американски Држави во групната фаза имаат скор 1-1, а лидер е Србија со четири бода, пред САД со три бода. Зад нив се Кина (2 бода) и Франција (0 бодови), кои чекаат на меѓусебниот дуел.