ОК Вардар Жени триумфираше на претсезонскиот турнир во Струмица

Викендов во Струмица заврши еднодневниот турнир организиран од ОК Струмица Жени. Победник на подготвителниот турнир е тимот на Вардар Жени од Скопје, откако во финалето скопјанки беа подобри од домаќинките со 3-1 во сетови. Во полуфиналните мечеви Вардар Жени со 2-1 во сетови го надигра Ваљево од Србија, а со истиот резултат струмичанки ги совладаа девојките од битолски Пелистер Волеј

Во финалето девојките од двата тима се надмудруваа, иако правеа многу сервис грешки, а потфрлуваа и на приемот. Поведоа гостинките од Скопје откако го добија првиот сет. Избраничките на Вера Божијанов Димитриевска ги консолидираа своите редови и возвратија во вториот сет. Во третиот сет вардаровите девојки не дозволија изненадување а со исто темпо продолжија и во четвртиот за конечни 3-1/

Третото место го освоија гостинките од Србија, а последни на овој турнир завршија девојките на Пелистер Волеј.