ОК Вардар прифати нови термини на европските дуели со Камник

Поради позитивни играчи и членови на стручниот штаб на Калцит Камник, ЦЕВ понуди, а Вардар прифати одложување на двомечот од шеснаестинафиналето на Челенџ купот и има нови термини.

Натпреварите требаше да се играат оваа седмица, но поради позитивни ковид-тестови кај словенечкиот тим дојде до нови термини. Иако Вардар можеше да бара службена победа и пласман во наредната рунда, сепак, прифатено е да се игра во периодот од 17 до 19 ноември.

Победникот од овој натпревар во следната рунда многу веројатно ќе игра со италијански Алианц Пауерволеј од Милано.