ОК Вардар се пријави да игра во Челинџ купот на ЦЕВ

Македонија по долги години ќе има клупски претставник во европските купови затоа што Одбојкарскиот клуб Вардар се пријави да игра во едно од натпреварувањата на ЦЕВ.

„Црвено-црните“ ќе бидат дел од Челинџ купот во наредната сезона, иако завршија како третопласирани во нашиот шампионат. Првите две екипи не се пријавија да играат во Европа, па шансата ја искористија вардарци.

Македонија ќе има европски преставник по долги десет години, кога последен пат не претставуваше тимот на Работнички.