• Мартин Танасковски

Македонскиот одбојкарски тим Вардар одреди да биде гостин на двата натпревари во рамки на Челинџ купот на ЦЕВ, натпреварување во кое ќе игра втора година по ред.
„Црвено-црните“ на ждрепката го добија словенечки Камник, а по заеднички договор одредено е двата натпревари да се играат на гостински терен во Словенија како превенција од коронавирусот.
Вардар ќе биде сместен во хотел во Домжале и тоа ќе биде „базата“ на тимот. Првиот натпревар меѓу Вардар и Камник е предвиден за 3 ноември, додека вториот е ден подоцна.