ОК Струмица потпиша со интернационалци од Бразил и Русија!

Првакот на Македонија и победникот на Купот, Струмица, деновиве во своите редови донесе две засилувања. Во Струмица дојдоа интернационалци од Бразил и Русија, со кои се очекува првакот да биде доминантен и во новата натпреварувачка сезона, јавува локалниот медиум drnka.mk. Станува збор за Александар Злобин од Русија кој игра на позицијата коректор и Жоао Витор Меирелес од Бразил на позицијата среден блокер.

Двајцата одбојкари зад себе имаат интернационална кариера и треба да ги пополнат местата на средниот блокер Ристо Николов и коректорот Марјан Урдов

Злобин и Меирелес веќе ставиле потпис на договорите и неколку денови тренираат со сениорскиот состав, кој ова сезона ќе биде изменет за разлика од минатата, бидејќи дел од одбојкарите заминаа во нови средини. Струмица неодамна го ангажираше и Маџиров.

Новата сезона започнува идниот месец, а струмичани главни кандидати за титулата треба да имаат во Вардар и Универзитетот во Тетово.