Одредени термините на финалните дуели кај одбојкарите

Финалната серија од плејофот во машкото национално првенство ќе стартува на 16 април во Штип, каде најдобрите две екипи сезонава, Штип УГД и ГОК Борец, ќе ја започнат битката за шампионската титула, која традиционално се игра во три добиени натпревари.

Лидерот на прволигашката табела Штип УГД и второпласираниот ГОК Борец низ целата сезона покажаа константност и квалитет со кои заслужено се најдоа и во финалето на Купот на ОФМ 2026 пред десетина дена во Скопје, а сега одново влегуваат во „судир“ за нов трофеј – шампионскиот.

Во договор со националниот сервис, кој ќе врши директен пренос на финалните натпревари, серијата „подобар од пет“ ќе се „движи“ во термините понеделник и четврток.

  • Распоред на финални натпревари:

Штип УГД - ГОК Борец (16 април)
ГОК Борец - УГД Штип (20 април)
Штип УГД - ГОК Борец (23 април)
ГОК Борец - Штип УГД (27 април)
Штип УГД - ГОК Борец (30 април)

Штип УГД е освојувач на Купот на ОФМ 2026 и во финалето влегува со амбиција за обединување на круните, додека ГОК Борец по пауза од три години, повторно ќе се бори за првиот шампионски трофеј од осамостојувањето на Македонија.

Фото: ОФМ/Вангел Тануровски