Одбојката останува без Лигата на нациите во 2020 година?

Меѓународната одбојкарска федерација (ФИВБ) разгледува опции и можно е да донесе одлука во актуелната година да не се игра Лигата на нациите.

Како што пишува „Газета дело спорт“, одлуката се очекува да пристигне поради пандемијата на коронавирусот која владее во светот. Сите турнири од Лигата на нациите се очекува да бидат одложени и ова натпреварување да не се игра во 2020 година.

Крајната дата за одлука дали ќе се игра или не во ова натпреварување е 30 април. Многумина сметаат дека Лигата на нациите треба да биде одложена.

Лигата на нации е натпреварување кое се игра во повеќе држави. Од актуелните учесници Италија веќе донесе одлука дека нема да учествува, без разлика на одлуката.

Досега се одиграа две изданија на Лигата на нациите, а и во двете шампион беше Русија.