• Зоран Мишевски
Одбојкарската федерација на Македонија ги одложува натпреварите од редовните кола предвидени за престојниот викенд (22/23 март) во сите натпреварувачки категории, како и заостанатите натпревари кои што требаше да се одиграат во текот на оваа работна недела, во знак на сочувство и солидарност кон семејствата на загинатите и настраданите во трагедијата во Кочани.
Владата на вчерашната седница донесе одлука за седумдневна жалост на територијата на цела држава по страшната трагедија која се случи во Кочани.
Предвидените натпревари, согласно Календарот за натпреварување, како и заостанатите натпревари ќе се одиграат во средината на следната недела во договор со клубовите, информираат од федерацијата.