Одбојкарските клубови кои играат во Европа добија државна помош

Одбојкарската федерација на Македонија изрази благодарност до Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски, кои за првпат одвоија сретства во насока на подобрување на врвниот спорт и што подобро претставување на македонската одбојка во меѓународни рамки.

Во заедничка соработка на Министерството за спорт и ОФМ обезбедена е финансиска поддршка за клубовите кои ја претставуваат македонската одбојка во рамките на европските клупски купови, шампионот во машка конкуренција Струмица, односно женскиот првак Работнички, кои се натпреваруваат во квалификациите во ЦЕВ Лигата на шампионите.

За федерацијата претставува чест, но и обврска тоа што одбојката е во фокусот на новото Министерството и подготвена е и во иднина да ја продолжи заедничката соработка и да ја однесе одбојката на уште едно скалило повисоко.