Одбојкарскиот Куп на Македонија повторно во Струмица 

Одбојкарската федерација на Македонија денес потврди дека финалните натпревари од Купот во машка и женска категорија од Пробиштип се селат во Струмица, која пред две сезони исто така беше домаќин на Куп-финалистите. 

На 30 април во женското финале се ќе сретнат екипите на Наковски Волеј и Работнички Скопје, а кај мажите за трофејот ќе се борат бранителот на титулата Џио Струмица против Универзитет во Тетово. Двата натпревари се играат во салата „Парк“, што значи дека Џио Струмица и Наковски Волеј ќе ја имаат привилегијата да играат пред домашната публика. 

Женското финале е закажано за од 17:30 часот, додека машкото од 20:00 часот.