Одбојкарската федерација ја заврши соработката со селекторот Стефан Пауновиќ

Одбојкарската федерација на Македонија и селекторот на женскиот национален тим, Стефан Пауновиќ, ја завршија меѓусебната соработка. Српскиот стратег во изминативе четири години успешно ја извршуваше оваа функција, која заврши со квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2026 година

Одбојкарската федерација на Македонија му се заблагодарува на Пауновиќ за професионалниот однос, разбирањето, убавата енергија во работата и успесите кои женската репрезентација на Македонија ги направи со него на клупата. 

Двете страни се насочуваат кон новите предизвици. Стефан Пауновиќ продолжува со работа со неговиот клуб Ново Место од Словачка, за кој настапува и македонската репрезентативка Ерјона Јонузи.

ОФМ до крајот на 2025 година ќе го именува новиот селектор на женскиот национален тим.

ФОТО/PHOTO: Vfmkd.org.mk