Одбојкарките загубија од БиХ и Балканијадата ја завршија на шестото место

Mакедонската женска кадетска одбојкарска репрезентација го одигра последниот натпревар на Балканското првенство во Врање, Србија и го дозна конечниот пласман.

Во последниот натпревар на регионалниот собир нашите надежи забележаа убедлив пораз од Босна и Херцеговина со 3-0  (25-19, 25-14, 25-19) и Балканијадата ја завршија на шестата позиција, со скор од три порази и една победа.

Нов балкански првак до 17 години е селекцијата на Србија, која во финалето со 3-1 славеше над Бугарија. Бронзата им припадна на одбојкарките од Турција, кои во малото финале со 3-0 извојуваа победа над Романија.