• Мартин Танасковски
Женската одбојкарска репрезентација на Македонија доживеа пораз од Австрија во единствнеиот домашен меч за оваа година кој се играше во рамки на квалификациите за Европското првенство.
Нашиот национален тим го загуби мечот со 0-3 во сетови (14-25, 17-25, 20-25). Најдобриот впечаток нашите одбојкарки го оставија во третиот сет, кога беа компетитивни со ривалките од Австрија кои во овој дуел влегоа како фаворитки.
Најдобар стрелец кај Австрија беше Кора Шаберл со 12 поени, пред Кармен Раб со 10 поени, додека кај Македонија, капитенката Тамара Стојанова финишира со вкупно 12 реализирани поени.
Македонија следниот натпревар од квалификациите за ЕП го игра на 28 август на гости кај Грција.