Одбојкарките во Битола ќе се подготвуваат за Балканскиот кадетски шампионат

Македонската кадетската одбојкарската репрезентација завршните подготовки за Балканското првенство ќе ги одржи во Битола од 11 до 18 август. Mладите девојки ќе се подготуваат за Балканскиот шампионат кој ќе се одржи во Лукавац (БиХ) од 20 до 24 август.

На овој шампионат учество ќе земат претставници на десет национални репрезентации: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Романија, Црна Гора, Србија, Турција, Грција, Косово и Македонија, со околу 150 учесници.

Девојките ќе тренираат еднаш дневно, а цел е да одиграат и тест натпревари пред заминување за Босна и Херцеговина.

Целта на девојките е на шампионатот да се презентираат што е можно подобро и да забележа некоја победа.