Одбојкарките со втор пораз во дуелите со Косово во пресрет на Европската лига

Женската репрезентација на Македонија со 3-1 (25-21, 20-25, 25-20, 25-18) загуби од Косово и на вториот пријателски натпревар во пресрет на учеството во Европската лига 2026.

Како и на првиот натпревар така и денеска стручниот штаб комбинираше со поставата и им даде шанса на сите репрезентативки во составот.

За нашите одбојкарки ова беше последна проверка на силата во подготвителниот период.