• Иван Димовски

Одбојкарската екипа на Вардар загуби во дуелот од второто коло на Челинџ купот на ЦЕВ од Нитра со убедливи 3-0. Во оваа рунда од натпреварувањето се одигра еден меч во „балонот“ во Капошвар, а „црвено-црните“ девојки беа експресно елиминирани.
Овој настап беше прв за женските македонски екипи во евро-куповите по повеќе од десет години, а вардарки не успеаа да го изненадат ривалот. Откако го минаа првото коло без борба и со доделени две победи од по 3-0 над Хаменлина, ракометарките на Вардар убедливо загубија кај Нитра.
На овој меч Вардар беше без двете интернационалки од Куба и Казахстан, па на домашен погон немаше сили за изненадување против словачкиот ривал. Нитра го доби првиот сет со 25-12, додека вториот и третиот со идентични 25-17 и ја завршија европската авантура на вардарки.