Одбојкарките на Бразил по брза постапка ја решија Кенија

Одбојкарките на Бразил ја оправдаа улогата на фаворит во првото коло од одбојкарскиот турнир во Париз против Кенија и во рамките од групата Б славеа убедлива победа од 3-0 (25-14, 25-13, 25-12) во сетови.

Бразилките во ниту еден момент не го доведоа во прашање победникот на средбата. Тргнаа моќно уште во првиот сет, кој го добија со 25-14. Во вториот сет Кенија освои еден поен помалку (25-13), додека во третиот Бразил одново демонстрира моќ и со 25-12 впиша лесна победа на стартот на турнирот.

Во рамките од оваа група, во неделата Полска го загуби првиот сет од Јапонија, но ги освои следните три и славеше победа од 3-1. Во следното коло Бразил игра со Јапонија, а Кенија против Полска, што значи дека одлучувачката битка за првото место ќе следат во последното коло.