• Мартин Танасковски

Женската одбојкарска репрезентација до 19 години со пораз од Финска во три сета (10-25, 19-25, 20-25) го отвори Европското првенство (ЕП) кое на програмата е во Скопје.
Нашата женска одбојка се врати на големата сцена како домаќин, а во првенецот поентерски добро се парираше на Финките само во вториот и во третиот сет. Отворањето беше доста проблематично, противникот тоа доста добро го искористи и дојде до почетна предност, додека Македонија во вториот сет водеше во два наврати, со 4-0 и 9-6, ама не ја задржа позитивата, барем да изедначи.
Ора Расинпера од Финска со 19 поени беше најдобра кај победникот, пред Ела Пелтома со 11 поени, додека во таборот на Македонија, прв поентер беше Мери Бошковска со вкупно 11 поени, Добрина Хаџи Тосева освои шест, додека по четири поени заработија Ива Стојкоска и Мила Долдурова.
И по овој резултат нема простор за разочарување, затоа што женската одбојка се реактивира и оваа генерација е во формирање. Следниот натпревар за Македонија е утре (недела) од 20:30 часот против Словенија која во првото коло загуби од Италија.