Одбојкарките до 16 години во март на Балканијадата во Србија

Македонската одбојкарска женска репрезентација до 16 години во месец март ќе има активност и ќе настапи на Балканијадата која ќе се игра во Србија.

Селекторот Милан Ристовски, кој е и клупски тренер во Бами Кор, ќе ги одбере одбојкарките на кои смета за настанот кој ќе се одржи во Врњачка Бања. Дел од одбојкарките во генерацијата до 16 години претходно работеа заедно на камп во Берово.

Противници на Македонија ќе бидат Србија, Романија, Турција и Бугарија. Секоја репрезентација ќе одигра меч со секого. Одбојкарскиот турнир во Србија е предвиден да се игра од 9 до 13 март.