Одбојкарките до 16 години со пораз од Романија го завршија турнирот во Србија

Македонската репрезентација за одбојкарки до 16 години загуби од Романија со 0-3 (11-25, 9-25, 12-25) во последниот, четврти, настап во квалификаците за Европското првенство.

На турнирот во салата "Владе Дивац" во Врњачка бања, во исклучително силната конкуренција, нашите одбојкарски пионерки претходно не успеаја и во натпреварите со домаќинот Србија, со Бугарија и со Турција.

На натпреварот со Романките најефикасна кај нас беше Трајкова со пет поени, Трифуновска, Ѓонлага, Зетова и Змајшек освоија по три, а Ѓоркоска запиша еден поен.