Одбојкарка одигра сезона на соништата во шестиот месец од бременоста

Бразилската одбојкарка При Елдес имаше историска сезона со Флуминенсе (Рио де Жанеиро) во бразилската Супер лига, а исто така донесе и ретко видена одлука.

Одбојкарката имаше незаборавна сезона не само со нејзините спортски достигнувања, туку и со уникатниот факт што играше до четвртфиналето на првенството додека беше во шестиот месец од бременоста.

Фотографиите и видеата од При Елдес на теренот, со видно надуен стомак, брзо станаа хит на социјалните мрежи. Девојката очекува момче, а најави дека откако ќе се породи не планира крај на кариерата, туку ќе продолжи со одбојката.