Одбојкарите заминаа за Шлагелсе со желба за реванш против Данска

Одбојкарската репрезентација на Македонија замина за Шлагелсе, Данска, каде се игра вториот турнир од групата А во рамки на Сребрената европска лига.

По трите натпревари во Струмица, нашиот национален тим се сели на гостински терен. Желба е одбојкарите да им се реваншираат на Данците, за единствениот пораз во салата „Парк“ со 0-3 во сетови.

Македонија има две победи над Израел и Кипар, но е сигурен учесник на завршниот Ф4 турнир во Сребрената европска лига како организатор. Данска исто така е на чекор од завршницата од нашата група.

Натпреварите во Шлагелсе, одбојкарите ќе ги играат од 28 до 30 мај.