• Мартин Танасковски
Македонската одбојкарска репрезентација со пораз го започна настапот на 49. издание од традиционалниот меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“, откако беше совладана од селекцијата на Швајцарија со 1-3 во сетови (25-23, 15-25, 24-26, 23-25).
Нашиот национален тим имаше одличен почеток, освојувајќи го првиот сет, а во третиот сет беа блиску до водство од 2-1, со две неуспешно искористени сет-топки при резултат 24-22. Швајцарците тоа го казнија и целосно го презедоа контролата над мечот, освојувајќи ги следните два сета.
Утрешниот ден Македонија ќе го помине без натпревар, додека Швајцарија ќе се соочи со вториот тим на Бугарија. Завршниот натпревар од турнирот, воедно и можност за рехабилитација, нашите одбојкари ќе го одиграат во четврток од 19:00 часот против Бугарија.
ФОТО: Одбојкарска федерација на Македонија / Роберт Спасовски