• Горан Упале

Одбојкарската селекција на Македонија загуби од Израел со 3-1 (31-29, 14-25, 25-23, 25-19) на тренинг-натпреварот во пресрет на 48-то издание на меморијалниот турнир „Чајка".
Најдобар поединец во нашиот табор беше Љафтов со 15 поени, Никола Ѓорѓиев освои 14, Савовски 11, Маџунков 9, Милев заработи 5, Арсов и Илиев по 4, Ефремов 2, а Лепидовски, Ефтим Ричлиев и Костиќ по 1 поен.
Селекторот Хари Наковски повторно ги користеше сите играчи знаејќи дека секој може да даде соодветен придонес во двата квалификациски натпревара за Европското првенство 2026 година (Грузија 17 август., Грција 25 август).
Подготовките за двата натпревари продолжуваат со денешниот дуел со Косово и саботниот со Израел во салата „Парк" во Струмица.