• Горан Упале

Македонските одбојкари загубија од Црна Гора со 3-1 (31-29, 25-22, 22-25, 25-20) во првиот од двата контролни натпревара во Колашин.
Противникот имаше доминантен блок и поефикасен напад што беа доволни нијанси за тесна победа. Со договор на селекторите, имаше петти сет којшто Црногорците го добија со 15-10.
Никола Ѓорѓиев собра 24 поени, двоцифрен беше и Александар Љафтов со 13, блокерите Филип Маџунков и Филип Савовски завршија со по 9, Владо Милев со 7, Стојан Илиев со 3, а Ѓорѓи Ѓорѓиев и Стојче Арсов по 1 поен,
Македонија и денес ќе игра со Црна Гора по што ќе се врати во Скопје за да ги продолжи подготовките за квалификациите за ЕП 2026.