Одбојкарите вторпат поразени од Црна Гора во Подгорица

Најдобрите македонски одбојкари со 3-0 (28-26, 25-20, 31-29) загубија од Црна Гора во вториот пријателски натпревар во Подгорица.

Репрезентациите одиграа неизвесен натпревар полн со пресврти во кој домаќинот се радуваше на крајот.

Како и на вчерашниот тренинг натпревар, така и денеска селекторот Јошко Миленкоски им даде шанса на сите одбојкари кои ги имаше на располагање.

Репрезентацијата на Македонија во текот на утрешниот ден се враќа дома.