Одбојкарите со „резервација“ на попладневниот термин во Љубљана

Одбојкарската репрезентација на Македонија ќе игра на прво Европско првенство (ЕП) во нашата историја, а ждрепката посака нашите најдобри да се најдат во групата која ќе се игра во Љубљана, Словенија.

Нашата одбојкарска селекција е во група со Русија, Словенија, Турцијa, Финска и Белорусија, Четири од петте натпревари во групата ќе се играат во попладневниот термин од 17:30 часот, а само еден меч Македонија ќе го игра од 20:30 со Белорусија.

Натпреварите се отвораат на 12 септември (четврток) од 17:30 против Финска, а ден подоцна од 17:30 се соочуваме со Турција. На 14 септември од 17:30 играме против Русија, додека на 16 септември е мечот со Белорусија од 20:30 часот. Последниот дуел се игра на 17 септември со домаќинот Словенија од 17:30 часот.

Сите натпревари од групната фаза се играат во Арена Стожице во Љубљана.