• Горан Упале
Настапот во Европската лига оваа сезона машката репрезентација на Македонија го заокружи со пораз од Израел со 0-3 (19-25, 19-25, 14-25) на третиот турнир кој се игра во Приштина.
Најдобрите македонски одбојкари се обидоа да се спротивстават и особено во првите два сета понудија силен отпор, но не најдоа начин како да го изненадат фаворитот. Никола Ѓоргиев реализираше петнаесет поени, Филип Савовски имаше седум, додека Стојан Илиев запиша пет, а Лука Костиќ и Кристијан Илијев по три поени.
Македонија во годинешното издание од Европската лига има скор од три победи и три порази.