Одбојкарите седмопласирани го завршија настапот на Балканијадата во Тирана

Мaкедонската младинска репрезентација во одбојка на Македонија Балканијадата во Тирана ја заврши на седмото место.

На овој турнир за одбојкари до 20 години, нашите одбојкари го совладаа Косово со 3-0 во сетови (25-15, 25-16, 25-13) во директниот дуел за седмото место. 

На натпреварувањето нашиот национален тим двапати го совлада Косово, но загуби од Грција, Албанија и Романија.

Пионерската селекција на Македонија од 2 до 6 јули ќе настапи на Балканското првенство во Врњачка бања (Србија).